Кожа и ноктиНокти

Kако во домашни услови да го отстраните гел лакот од вашите нокти

Advertisement

Многу девојки со право го обожаваат гел лакот затоа што со негово користење ноктите секогаш се уредни и средени, а трае и многу подолго од обичниот лак.

Advertisement

Многу девојки со право го обожаваат гел лакот затоа што со негово користење ноктите секогаш се уредни и средени, а трае и многу подолго од обичниот лак.

Но, проблем се јавува кога доаѓа момент за негово отстранување. Многумина немаат време само за тоа да отидат во салонот за маникир, па најдобро решение би било да успеат самите да ја извршат оваа „обврска“. За среќа, постои еден трик кој помага самите во домашни услови да го отстраните гел лакот, без притоа да ги оштетите вашите нокти.

За да го изведете тоа потребно ви е памук, отстранувач на лак за нокти и алуминиумска фолија. Натопете го памукот во отстранувачот на лак за нокти, а потоа ставете го на самиот нокт, така што ќе го покрива буквално секое делче од ноктот. 

Advertisement

Еве како совршено да ги лакирате вашите нокти >>

Кога ќе го направите тоа, исечете алуминиумска фолија со димензии 10х10 и замотајте околу секој прст. Почнете од малиот прст, а палецот оставете го за крај.

Потоа останува да чекате 20 минути. Секако, во меѓувреме можете да проверите на едниот прст и да видите како напредува процесот. Ако направите сѐ како што треба, тогаш гел лакот би требало само да го одлепите, без притоа силно да триете и да ги уништувате ноктите. На крај, ставете го кремот за нокти кој ви одговара.

Па, звучи лесно, зар не? На вас останува да се обидете!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button