Реклама
LIFESTYLEХороскоп

За Овните куче, а за Стрелците коњ: Кое милениче ви одговара според хороскопскиот знак?

Реклама

Пред да се одлучите да земете домашно милениче, треба добро да се информирате за природата на животното и за неговите потреби. Во таа одлука може да ви помогне и вашиот хороскопски знак, па во продолжение откријте кое животно најмногу ви одговара доколку се консултирате со астрологијата.

ФОТО: stocksy.com

Овен

Овните сакаат самостојност и отвореност, па слободно би избрале куќе со кое често би можеле да одат на излети и со кое ќе можат да чекорат еден покрај друг.

Бик

На Биковите најмногу им одговараат животни кои немаат големи потреби, како што се риби или птици во кафез кои убаво пеат. Баш како и самите Бикови.

Маркетинг

Близнаци

Кај нив е важно да е нешто мало и секогаш да се движи, на пример, мали кучиња од расата чивава или пак пудлици.

Рак

Сите водени животни ќе им ја освежат душата. Некои Ракови сакаат и мачки, но мирни и со префинето влакно.

Маркетинг

Лав

Да можат, Лавовите во својот дом би ја донеле целата зоолошка градина. Нивното домашно милениче мора да биде отмено и блескаво. Често избираат кучиња со големи гриви, но не сакаат да го чистат домот од влакна.

Девица

Девиците се знак кој ги сака речиси сите животни и сочувствуваат со нив. Затоа им ја даваат потребната грижа, а на нивната листа се наоѓаат кучиња, мачки, птици, хрчаци.

Вага

Домашното милениче на Вагите мора да задоволува одредени критериуми за убавина. Бели пудлици или снежно бели кучиња, отмени мачки, бели гулаби…

Скорпија

Што поопасни, толку подобри. Што попровокативни, толку послатко. Змии, гуштери и слични суштества кои никој не оставаат рамнодушен, се нивниот најсладок избор.

Стрелец

Ако можат, Стрелците би избрале коњ, затоа што за нив тоа е идеално животно кое им одговара на нивната природа. Ако не се во можност, ќе се задоволат со гулаби.

Јарец

Јарците преферираат животно кое е квалитетно и корисно, како на пример кози кои се мудри, а истовремено даваат здраво млеко.

Водолија

Овде се знае – важно е да се разликуваат од сите други. Колку полудо, толку подобро. Затоа, преферираат мајмуни со кои би разговарале и би ги чувствувале како вистински пријатели.

Риби

Рибите најмногу сакаат Риби. Сите видови аквариуми доаѓаат во предвид. Со задоволство би го гледале аквариумот, мечтаејќи за некој друг свет во кој сакаат да живеат.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button