Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Бикот сака луксуз, а Девиците практичност: Откријте го совршениот новогодишен подарок за секој хороскопски знак

Реклама

Се двоумите што да им подарите на вашите најблиски за новогодишните и божиќните празници? Дозволете му на хороскопот да ви помогне!

Овен

Впечатливите модни додатоци како обетки, часовници или друг вид накит, секогаш се одличен избор за Овенот, особено ако се блескави. Нема да погрешите ниту со ножеви и чинии, зашто Овенот сака работи од кујната.

Бик

Биковите сакаат луксузни и практични податоци. Џемпер од кашмир, прекривка за кревет од волна или некој друг удобен материјал или пак шише вино е она во што ужива овој хороскопски знак.

Маркетинг

Близнаци

Лесно е да се купи подарок за Близнаците, зашто тие сакаат многу практични работи, како добар парични или книга, зашто обожаваат да го стимулираат својот ум.

Рак

Раковите сакаат да се грижат за својот дом и нив би ги израдувал каков било додаток за уредување на животниот простор, како уркасни пернички, завеси, сервиси за чај, украсни саксии за цвеќе…

Маркетинг

Лав

Лавовите обожаваат накит во златна боја. Модните додатоци во впечатлива црвена или портокалова боја исто така ќе ги воодушеват. Ваучер за масажа или маникир исто така е одлична идеја, зашто Лавовите сакаат да си угодуваат себеси.

Девица

Девиците сакаат практични работи. Нема да погрешите со нов блендер или рачен миксер…

Вага

Вагите често знааат да одат од една до друга крајност, па нив ќе ги воодушевите со интересни свеќници или едноставна црна рамка за фотографии.

Скорпија

Скорпиите сакаат да изгледаат мистериозно, па на нив ќе им се допаднат наочари за сонце или голем шешир. Страствената жена родена во овој хороскопски знак ќе ја воодушевите и со секси долна облека.

Стрелец

Овој хороскопски знак сака да чита и да учи, па книгите секогаш се одличен избор на подарок, особено оние со провокативна тематика или пак книги за егзотични оддалечените земји, како и мистерии.

Јарец

При изборот на подарок за Јарците, имајте ги предвид овие два магични збора: Удобност и класика. Класичната кожна црна ташна или пак џемпер, сигурно ќе им се допаднат. Сакаат и накит, но не бижутерија. Подобро би било да изберете мало парче накит од бело злато.

Водолија

За Водолиите избирајте необични подароци, интересна столна ламба, слика или необична декоративна фигура. Водолијата ја обожава астрономијата, па сигурно ќе ја израдувате со книга за универзумот.

Риби

Романтичните и сентиментални Риби ќе ги воодушевите со заедничка врамена фотографија. Ќе им се допадне и ваучер за козметика каде што ќе може да се опуштат.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button