Пејачката Ана Бекута преку социјалните мрежи ги извести своите следбеници дека музичкoтo талент шоу „Ѕвезите на Гранд“ во која долги години е член на жирито, викендов нема да се емитува, како што беше досега.
– Поради трагедијата во Нови Сад, емисиите „Ѕвездите на Гранд Специјал“ и „Ѕвездите на Гранд“ утре нема да се емитуваат на ТВ Пинк. Искрено сочувство до семејствата – пишува на Инстаграм профилот на Ана.
И концертот на Марија Шерифовиќ кој требаше да се одржи утре ( 2 ноември) во салата „Борис Трајковски“ се презакажува за 10 ноември. Концертот се одложува поради страшната несреќа која се случи во Нови Сад во која загинаа 12 лица и има повредени. Утре во Србија е прогласен Ден на жалост.
Со својата автентичност, фантастичните интерпретации и емоција, веќе две децении се наоѓа на врвот на регионалната музичка сцена. Изминатата година, Марија Шерифовиќ прослави 20 години успешна кариера, а тој успех го одбележа со албум кој го носи насловот „Долази љубав“, кој воедно е и името на нејзината претстојна концертна турнеја која започнува на 8-ми март во Загреб, а продолжува низ 30 градови во регионот.
Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ денеска прогласи Ден на жалост на територијата на тој град, по повод тешката несреќа предизвикана од уривањето на покривот на Железничката станица во Нови Сад.
Деновите на жалост ќе започнат на 2 ноември, соопшти градската управа.
Претходно, како што пренесоа медиумите во соседството, Владата на Србија го прогласи 2 ноември за Ден на жалост во Србија, по повод смртта и страдањето на граѓаните поради уривањето на железничката станица во Нови Сад.
Осум лица загинаа денеска во несреќа предизвикана од уривање на настрешницата на старата зграда на железничката станица во Нови Сад.