MAMAДом и семејство

Откако не беше покането на роденден, момче со аутизам од Скопје доби изненадување од хероите во униформа – љубовта нема граници (видео)

Advertisement

Во свет каде што често забораваме што значи вистинска човечност, една приказна од скопската населба Драчево потсетува дека добрината и емпатијата сè уште постојат. Пред еден месец, дванаесетгодишниот Леон, ученик во основното училиште „Рајко Жинзифов“, останал единствениот кој не добил покана за роденден на едно од своите другарчиња.

За неговата мајка тоа било болно потсетување дека општеството сè уште не ги прифаќа доволно децата со аутизам, но наместо да се затвори во себе, таа реши гласно да проговори. На социјалните мрежи упати искрен апел – до сите родители, наставници, деца, да разберат дека секое дете заслужува пријателство, љубов и место во заедницата.

Advertisement

Нејзините зборови не останаа незабележани. Токму тие зборови инспирираа група луѓе со големи срца да направат нешто посебно.  Под водство на планинарката и алпинистка Ирина Дишо, се организираше изненадување кое Леон ќе го памети засекогаш.

Од видеото споделено на Јутјуб на ТВ Сител, може да се види како Леон ја отвора вратата, а потоа го пречекуваат пожарникари, полицајци, спортисти и еден пилот, сите дојдени само за него. Кога ја отвори вратата и ги здогледа, неговата насмевка беше толку искрена и топла што никој не остана рамнодушен.

-Сакавме да му покажеме дека тој не е сам. Ова не е само подарок за Леон, туку порака за сите нас – дека секое дете заслужува љубов, внимание и прифаќање … нашата порака е јасна, да се даде поддршка, да се крене гласот и свесноста на родителите пред сè, а потоа и на самите деца, вели Ирина Дишо.

Покрај играта и дружбата, денот се претвори во симболична лекција за возрасните, дека децата со аутизам не бараат ништо повеќе од можност да бидат дел од светот кој го делиме сите. Оваа иницијатива покажа дека едно мало дело на добрина може да го промени светот на едно дете, а можеби и на многу возрасни.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button