Откако ја „украде“ и Вики Миљковиќ од „Ѕвездите на Гранд“ – Митровиќ најавува нова бомба изненадување во „Пинкови ѕвезди“
Митровиќ најави дека петтиот член на жирито, кој, според него, ќе биде „сосема неочекуван“- ќе биде откриен веќе за време на викендот.

Музичката сцена на Балканот е шокирана откако беше потврдено дека Вики Миљковиќ од Гранд преминува кај конкуренцијата, поточно во жирито на популарното музичко натпреварување „Пинкови ѕвезди“. Истото тоа пред неа, веќе познато е, го направи и Драган Стојковиќ Босанац.
Продуцентот и сопственик на „Пинк“ Жељко Митровиќ ја потврди веста со потпишување на договор со пејачката, со што речиси е заокружен составот на жирито за новата сезона.
Досега своето место го обезбедија Драгомир Деспиќ Десингерица, Драган Стојковиќ Босанац и Зорица Брунцлик, а Вики ќе им се придружи како четврти член на жирито.
Митровиќ најави дека петтиот член на жирито, кој, според него, ќе биде „сосема неочекуван“- ќе биде откриен веќе за време на викендот.
„Ќе имаме шаренолико жири, ќе споиме различни жанрови, профили и ставови“, изјави Митровиќ, во шеговит тон додавајќи дека се надева дека ќе се избегне „битката на Косово“ во музичките расправи меѓу членовите.
Advertisement
Вики, позната по своите темпераментни коментари, вели дека со Босанац веќе се „увежбан тим“, но не крие дека очекува жестоки музички дуели.
„Ние двајца постојано ги вкрстуваме копјата, иако многу го почитувам како голем музички познавач. Очекувајте го неочекувано“, рече таа по потпишувањето на договорот.
Митровиќ откри и еден интересен детаљ. Имено, Вики имала посебен услов за својот ангажман. „Не побара Филипинци за масажа на стапалата и сок од тартуфи, како Зорица, но побара Таќе (Драган Такиќ, нејзиниот сопруг и менаџер) да не биде оддалечен повеќе од 11 метри од неа. Тоа е во ред!“, се нашали Митровиќ на Инстаграм.
Оваа промена во жирито доаѓа во момент кога конкурентните „Ѕвезди на Гранд“ исто така воведуваат освежувања – Дара Бубамара е новото засилување, додека во жирито остануваат Снежана Ѓуришиќ, Цеца Ражнатовиќ, Ана Бекута, Ѓорѓе Давид и Александар Милиќ Мили.
Митровиќ порачува дека новата сезона на „Пинкови ѕвезди“ ќе донесе многу забава, изненадувања и „музичко бојно поле“, а публиката со нетрпение го очекува откривањето на мистериозниот петти член кој може дополнително да ја вжешти атмосферата.