CelebrityНовости

Откако ја победи тешката болест – Сузана Турунџиева со емотивна објава потсети на важните работи во животот

Advertisement

По силната животна приказна во која откри дека ја победила тешката болест, Сузана Турунџиева повторно се огласи со емотивна порака што длабоко ги допре нејзините следбеници.

Познатата водителка и пејачка објави нова мисла за внатрешната болка и лекувањето на душата, со фотографија направена на плажа — каде, како што често вели, најлесно се слуша тишината и гласот на себеси.

Advertisement

„Многу често сме опседнати со надворешниот изглед, заборавајќи дека најтешко се камуфлираат емоционалните рани. Кога доживуваме отфрлање, разделба или скршени очекувања, болката е исто толку вистинска како и физичката“, напиша Турунџиева.

Таа испрати повик до сите да не дозволуваат да живеат исполнети со празнина, туку да го заменат гневот со љубов и да ја најдат утехата во верата.

„Научи да се нурнеш длабоко во себе, да се доближиш до Бога, кој ќе ти ги залечи сите лузни што некој или нешто ти ги предизвикало, и ќе те научи да се засакаш и почитуваш себеси. Не е себично — неопходно е“, напиша таа.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button