Отец Пимен – „не е грев ако паднеме…“
„Секогаш сме подложни на гревот и секогаш можеме да паднеме. Не е проблемот во тоа кога паѓаме, туку гревот е во тоа ако не се обидеме да станеме и да продолжиме понатаму по патот“.
Помеѓу Ресен и Малме каде што му е седиштето на Митрополтот европски Пимен, тој го одбира својот роден град, но не е поборник на она „туѓината пуста да остане„ бидејќи така тој би останал без работа.
Помеѓу Супермен и Тарзан го бира Тарзан зашто сепак верува во моќта на човекот, но сепак вели чудно е како современиот човек денес е склон да верува во разноразни терии, како дека не прскаат и чипираат, кои дури и во минатото звучат смешно.
Ова е дел од разговорот во „Нешто Конкретно“ каде водителката Снеже Велков излезе од концептот за да поразговара со отецот Пимен еден час.
Нејзината најава го обрна внимението на лажната религиозност и лажната добрина па така во најавата кажа:
„Оваа епизода е за сите, а оние кои наутро се крстат и бакнуваат икони, а попладне плукаат и понижуваат сѐ живо и диво на социјалните мрежи, за оние кои се воздржуваат од мрсна храна ама не и од озборување, понижување и сопнување на другите…“
За денешните генерации и денешниот начин на воспитување, за воениот рок, за кршењето на правилата и за тоа од какви луѓе треба да бегаме гледајте на линкот подолу: