Правилен начин на исхрана!
Потребни состојки:
- 200 грама исчистен спанаќ
- 3 чешниња лук
- 3 лажички масло
- 1 лажичка брашно
- 1 говедска коцка супа
- 1 чаша кисела павлака
- Жолчка
- Бибер
- Сол
- Кашкавал
Начин на подготовка:
Исечкајте го спанаќот на мали парченца. Загрејте го маслото и додајте брашно. Запрежете го а потоа додајте го исечканиот лук. Лукот малку пржете го, па додајте го исечканиот спанаќ. Налејте 1,5-2 литри вода, потоа додајте коцка за супа и варете на умерена температура. Повремено промешајте и по 30 минути зачинете по желба. Додајте ја жолчката и на крај павлаката. Павлаката можете да ја додадете дури кога ќе сервирате во чинија. Потоа исечкајте го кашкавалот и уживајте.
Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .