Диети

Осумчасовна диета (нова хит диета со која може да симнете до 8 кг.)

Реклама
Реклама

Осумчасовната диета е план за слабеење на Дејвид Зинчек и Питер Мур, која ја имаат претставено во книгата „ Осумчасовна диета: Гледајте како килограмите ги снемува, додека го јадете она што сакате“.

8saatdieta1

Маркетинг

Оваа диета се има појавено пред релативно кратко време – пред само неколку месеци – а членовите на светски познатите нутриционистички кругови, чекаа да стивне возбудата која ја следи секоја нова диета, па да мирно ја тестираат.

Со оваа диета, авторите ветуваат дека може да загубат цел куп килограми и да јадат се што ќе посакаат. Зарем ова не е сонот на секој љубител на добра храна?

Но, постои еден мал трик – Можете и смеете да јадете само во еден временски интервал кој трае точно 8 часа – надвор од него нема јадење!

Маркетинг

Инаку, овој концепт не е нов. И до сега постоеја повеќе диети кои заговараа сменување на постот и нормалната исхрана, со тоа што имаа ограничена временска рамка (од една до две недели). И затоа и оваа како и сличните диети се базира на теоријата дека човечкото тело е дизајнирано за растојанија на обилна исхрана и потоа растојание во кои воопшто не се внесува храна.

Значи, постојат циклуси од 8 часа кога буквално јадете сé (не држете буквално до секој збор – секогаш мора да постои мерка) и потоа циклуси д 16 часа кога ништо не се јаде. И така секој ден. Во текот на 16 часа, телото треба да биде насочено на опоравување и одмор, а не постојано варење на храна.

Кога се ’идеалните‘ 8 часа за консумирање на храна?

8saatdieta3

Веќе научивме дека во текот на 24 часа, само во еден интервал од 8 часа се консумира храна. Е сега, прашање е кој осумчасовен период е најдобар за вас? Поголемиот дел диеталци заговараат дека идеален период од денот е од 9 наутро до 5 часот поручек, иако во пракса и периодите од 8 до 16 или 10 до 18 не се невообичаени. Без разлика кој период и да го изберете – најосновно е во рамките на него да ги изедете сите планирани дневни калории!

Значи, временскиот интервал може да се прилагоди во зависност од вашиот дневен распоред и дури може да биде различен во различни денови во неделата. Диетата треба да ја започнете со барем 3 дена неделно на осумчасовно распоредување на внесувањето на храна, а со текот не времето, тоа да се зголеми на сите 7 дена во неделата.

Јадете колку што сакате!

8saatdieta2

Во оваа диета нема забранета храна, но сепак не смеете да дозволите диетата да ви стане изговор за прејадување. Јадете онолку колку што ви е потребно и пријатно на организмот, но не претерувајте со количините. Единствен исклучок од ова правило се слатките напивки, бидејќи осумчасовната диета не заговара калории кои се наоѓаат во пиењето (алкохолни и безалкохолни) – иако и тоа не значи дека не можат да се консумираат – во умерени количини, секако.

А што доколку појадокот касни?

Реална ситуација: Од многубројните обврски не сте постигнале да го ’фатите‘ правото време за појадок и почетокот на осумчасовното хранење. И за ова постои решение: напијте се чај или кафе и кога ќе ви излезе слободно време, започнете со вашиот осумчасовен циклус на исхрана. Значи, не можете да појадувате пред 10 часот наутро? Ништо страшно, во 8 напијте се нешто од гореспоменатото, завршете ги обврските и во 10 започнете со појадокот.

Јадете што сакате!

8saatdieta4

За разлика од другите диети, кај оваа се дозволени и ’грицките‘ и може да се консумираат често во рамките на осумчасовниот период. Сепак, здравата логика и овде говори дека сепак треба да се биде критичен во изборот и да се одбираат поздрави поквалитетни грицки (на пример, подобро е печени семки или тврди плодови, отколку чипс, смоки и сл.). генералните препораки важат и овде – секогаш е подобро да се консумираат што поприродни намирници, а да се намалат индустриски произведените.

Пример за мени за еден ден:

После будење: вода, чај, какао или кафе.

Појадок во 10 часот: 1 мусли, чаша млеко, една овошка или 2. кајгана, тост, кафе/чај.

Ужина (кога сакате): Благо од житарици.

Ручек: (кога сакате): 2 парчиња пица, пржени или варени компири, салата, 1 јаболко.

Ужина (кога сакате): 1 парче колач или 1 сладолед или овошје по избор.

Вечера во 18 часот: Пилешки стек, 2 варени компири прелиени со лажица путер, брокули, сладолед.

Ова не изгледа ни малку лошо, зарем не?

Само 8 минути вежбање.

Авторите на диетава препорачуваат 8 минути вежбање секој ден. Ние лично мислиме дека станува збор за фазон – сé да биде во знакот на бројот 8, но ете, да не ви го изоставиме и овој факт од официјалната диета.

8saatdieta5

Инаку, луѓето кои до сега ја тестирале оваа диета, тврдат дека поминала успешно – сите тест субјекти ослабиле просечно за 2 кг, во период од 5 дена. Негативните коментари воглавно се однесувале на големото временско растојание на пост, од цели 16 часа, кое на многумина им паднало доста тешко. Но оние кои ја применувале диетата подолго, за кратко време се навикнале и за 3 недели загубиле и по 8 килограми.

Се на се, ова е навистина интересна диета, која вреди да се испроба. И секако, доколку некој од вас го направи тоа – пратете ни ги резултатите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button