Нема ништо подобро за гаснење на летната жед, од ладно пиво.
Нема ништо подобро за гаснење на летната жед, од ладно пиво. Но, од друга страна, една студија спроведена на универзитетот во Оксфорд, покажува дека дури и умереното консумирање алкохол го оштетува мозокот. Испитаниците најпрво зборувале за своите навики, а потоа на магнетна резонанца им била анализирана структурата на мозокот. Кај луѓето кои пиеле умерено, три пати била поголема шансата да се случи промена на десниот хипокампус, задолжен за паметење и снаоѓање во просторот. Атрофијата на овој дел е знак за Алцхајмерова болест. Врз основа на испитувањата, истражувачите пресметале дека од 8 до 12 пива неделно, или по четирти во петок и сабота, ги сместува во ризична група. Оние кои пијат повеќе од 17 пива неделно, шест пати повеќе ризикуваат од атрофија на овој дел на мозокот.