Наши ѕвезди

Осум НАЈТЕШКИ ЦРНИЛА, осум месеца железна тишина – објавено досега невидено видео од ДНК (видео)

Сопругата на музичарот што загина во пожарот во Кочани објави досега невидено видео од пробите на ДНК

Advertisement

Поминаа осум месеци по страшната несреќа што се случи во Кочани кога во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ загинаа 63 лица.

Меѓу загинатите имаше и малолетници, а преку 200 претежно млади лица беа повредени од кои некои се уште се соочуваат со страшни последици. Меѓу загинатите се и осум членови на бендот ДНК кои таа вечер имаа концерт во ноќниот клуб, кога се случи страшната несреќа.

Advertisement

Еден од нив е и гитаристот Александар Коларов од Штип, а неговата сопруга Маја сега сподели една снимка со која многумина натажи.

Принтскрин/ Фејсбук

Станува збор за снимка направена во ноември 2022 година за време на пробите на ДНК за големиот концерт во Скопје.

И како што вели Маја, нејзиниот сопруг заедно со Фичо, клавијатуристот на бендот и сопруг на сестрата на Маја, а кој исто така загина во несреќата, секој ден заедно заминувале во квечерината од Штип за да присуствуваат на пробите, а се враќале доцна по полноќ.

Фејсбук/ Маја К.

Нејзината тажна објава прочитајте ја во целост, а пото погледнете го и видеото што таа го сподели на својтот Фејсбук:

Ноември, 2022 година. Вака беше секој ден пред големиот концерт во Скопје. Со недели, месеци секојдневна жртва, проби, патувања… Секој ден заминувавте со Фичо во квечерина, а се враќавте доцна по полноќ.

Фејсбук/ Маја К.

Ти не живееше со музика, музиката ти беше животот. Така и замина. Заедно со твојата музичка фамилија: нашиот Фичо, Андреј, Сара, Буцо, Игорче, Панчо, Џоко… дури и со публика.

Осум најтешки црнила, осум месеца железна тишина… Осум планини тежина, осум бремиња, осум пустини без тебе. Времето не лекува, само тежи повеќе како минува. Тежи и секој ден додава нова планина, нова бездна во душата. Секоја секунда боли повеќе, секој здив јачи посилно. Ах, зошто?

Боли тоа ваше заминување… Сѐ повеќе и повеќе.

Знаеме дека љубовта доби друг облик и друга димензија. Знаеме, но уште не научивме како без вас…
Љубов до небото, возвишен мој, напиша Маја на Фејсбук.

Принтскрин/ Фејсбук

Потсетуваме, поминаа осум месеци од несреќата која завеа во црно многу семејства, а покрај сопругот на Маја, гитаристот Александар Коларов, загина и сопругот на нејзината сестра, клавијатуристот Филип Стевановски. Во пожарот згасна и животот на младиот тапанар Ѓорѓи Ѓоргиев од Струмица, како и на пејачот Андреј Ѓорѓиески, потоа на придружниот вокал Сара Пројковска, тон-мајсторот Игор Велков, фотографот Александар Ефремов, битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо. Од последици од пожарот почина и Владимир Блажев-Панчо, кој заедно со Андреј беа главни во ДНК, а кој почина по долго лекување, речиси по седум месеци од големата трагедијата.

Нека им е вечна слава на сите…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button