Реклама
MAMAКафе муабет

Осудувајте помалку, сакајте повеќе – тоа е клучот на среќата

Реклама

Осудување – тоа е секаде околу нас. Невозможно е да се избегне. Сите ние сме научени да осудуваме, без разлика дали знаеме или не знаеме нешто за таа личност. Но, што се случува кога осудувањето станува секојдневие, начин на живот?

ФОТО: insider.com

Осудувањето ја краде нашата енергија. Кога осудуваме, ние сме полни со горчина и тогаш сме нерасположени, а оние околу нас може да го забележат ова. Наместо да бидеме извор на љубов и топлина, ние стануваме личност која другите сакаат да ја избегнат. Таа негативна енергија не ги погодува само другите, туку и нас самите. Тоа може да води кон негативна слика за самите себе. Мислите кои ги упатуваме кон другите, ни се враќаат нам и тоа ја креира нашата личност.

Време е да се промениме. Да даваме повеќе комплименти, да се обидеме да имаме разбирање за оние на кои тоа им е потребно. Да ги наградиме оние во нашата околина со љубов и поддршка. Време е да се обидеме да го најдеме убавото во личностите кои ги среќаваме. Во секоја една личност се крие нешто убаво. Нудете им љубов и на оние кои ја одбиваат. Понекогаш, дури и најпесимистичната личност може да биде променета, доколку ѝ пристапите со љубов и разбирање. Љубезноста не чини многу, но создава премногу!

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button