Основна шминка во само неколку чекори (видео)
Кога станува збор за шминка, а посебно за дневна шминка во топлиот период што следи, важи правилото „ што помалку, толку подобро“.
Производи што се истовремено погодни и за дневна и за вечерна шминка се полн погодок во овој случај. Eве дел од таквите производи што ги користев во ова видео:
Seventeen Matte Plus течната пудра е одличен пример за тоа. Пудрата има средна до висока покривност и моќ за нанесување повеќе од еден слој, притоа негувајќи ја вашата кожа со своите состојки. Најважно е да имате лесно чувство на свежина на нашминкано лице во текот на целиот ден, а оваа пудра го нуди токму тоа.
Seventeen Natural Matte Silky Blusher нијанса Cafe Au Lait #3 е одличен спој на портокалови и кафени нијанси, па го дава совршениот микс на бои за природно нагласување на контурите на лицето без кожата да изгледа нечисто.
Seventeen The Stylist е вистинската маскара за очите да бидат центар на внимание – густи, издолжени и навистина црни трепки. За девојките и жените кои имаат природно ретки и кратки трепки, оваа маскара е вистинскиот избор.
{youtube}LZi1ZHsr4a4{/youtube}
Seventeen Matte Lipstick нијанса #06: за долготрајна боја и неодоливи и впечатливи va va voom усни. Сè е во деталите.
Доколку сакате да прочитате повеќе за некои од производите што ги користевме во видеото, разгледајте го следниов каталог » |
Автор: Мери Поповска