Започнете кариера во светот на ноктите – пријавете се на основен курс за гел метода
Надградбата или продолжувањето на ноктите никогаш не било популарно како денес, па можеби крајно време е да почнете кариера во оваа област!
MAGNETIC NAIL ACADEMY
Надградбата на ноктите со гел методата е совршен начин за остварување на екстра заработка и со најновите производи на Magnetic ноктите имаат природен изглед на кој ниту една дама не може да му одолее. Доколку ја нудите оваа услуга заедно со останатите услуги за маникир, имате совршен рецепт како да ги привлечете потенцијалните клиенти, со што ќе ја зголемите вашата способност да генерирате заработка и успешно ќе го зголемите обемот на вашата работа.
Основниот курс за гел метода кој треба да преставува почеток на Вашата кариера во светот на ноктите го водат професионалните меѓународни едукатори од Magnetic Nail Academy. Курсот паралерно ќе се одвива во Скопје и во Битола и тие се наменети за сите кои сакаат да започнат кариера како Техничари на нокти или веќе започнале со работа, но не се сигурни во своето знаење и практична работа.
Пријавете се и проверете зошто нашите курсеви се најпосетувани!
Што добивате:
Со посета на нашите курсеви добивате професионална обука од страна на професионални едукатори со повеќегодишно искуство во оваа област, теоретско знаење и практично искуство. Добивате сертификат за учество на основен курс. Сите производи за работа се обезбедени за времетраењето на курсот. Обуката се изведува на вештачка рака.
Добивате 10% попуст на производите на MAGNETIC.
ОСНОВЕН КУРС ЗА ГЕЛ МЕТОДА
Пријавување и информации на |
Основниoт курс за гел метода кој го организираат професионалните едукатори на MAGNETIC NAIL ACADEMY е составен од два дела – теоретски и практичен. Во теоретскиот дел е опфатено: Анатомија на нокти, болести на нокти, работни материјали и одржување на хигиена, карактеристики на производите за надградба на нокти.
Со практичната работа е опфатено: Мал и голем маникир, припрема на природен нокт и лепење на гипс, нанесување на гел и гелирање на природен нокт, лиење на шаблони и техника на турпирање, корекција и репарација на скршен нокт, продолжување на ноктна плоча, изработка на модел и практична работа на модел.
Времетраење на курсот – вкупно 40 часа (односно 10 дена х 4 часа), од 05 до 16 октомври 2015 г. и ќе се одржува истовремено во Скопје и Битола. Краен рок на пријавување два дена пред одржување на курсот.
Пријавувањето е во тек!
Повеќе за курсевите на MAGNETIC – NAIL ACADEMY
прочитајте тука »