MAMAНаши ѕвезди

Осмомартовска поетска порака за сите жени од поетесата Десанка Николова: ТИ ЖЕНО!

Advertisement

По повод Денот на жената, 8 Март, чествуваме со поетесата м-р Десанка Николова, авторка на девет стихозбирки, меѓу кои и „Македонствување“ – стихозбирка која е вистински чувар на сѐ наше македонско, македонскиот јазик, македонската култура и традиција, македонскиот идентитет, македонските духовни вредности.

Овојпат празнично ги прегрнуваме сите жени, со песната ТИ ЖЕНО!

Advertisement

ТИ ЖЕНО!

Земи го огледалото в рака,
насмевни му се
и трепни му неколку пати со очите,
па гледај во ликот што од другата страна
тебе ти се насмевнува,
гледај невино како дете годиначе
што светот го запознава.
Насмевнувај му се додека очите
од среќа не ти заблескаат,
како најсреќна да си –
оти најсреќна треба да бидеш!
И разгалувај се како маче предалче
во скут крај камин што преде.
Додека се погледнуваш
сети се на зборовите
на баба ти и мајка ти
како чеиз што ти ги оставија.
Не ги гледај брчките ниту лузните
што времето ти ги направило,
без нив немаше да научиш
како карпа да бидеш,
да можеш и кога не можеш,
да се смееш и кога ти се плаче,
да бидеш најсилна кога најмногу се кршиш,
а кога си скршена
да ги собереш сите делови
и пак да бидеш ти.
Види ја пред себе
најсилната, најубавата ти
И прости си себе си:
Прости си за сите погрешни избори,
прости си за сите гревови ненаправени,
прости си за сите љубови неостварени,
прости си за сите шанси пропуштени,
но не си простувај
ако ко есенски лист паднат на земја те газат,
не си простувај ако си безгласна буква,
ако молчиш и молчејќи
неправди проголтуваш,
не простувај си ако трпиш
и трпејќи тонеш.
И немој, не заборавај:
Ти си жена!
Ти си силна!
Ти си храбра!
Намести ја косата најубаво,
стави црвен кармин на усните,
напудри го лицето,
зарумени ги образите,
размрдај ги колковите,
разиграј ги градите.
Ти си најубава.
Ти си своја.
Ти си единствена.
Жена си!
Облечи насмевка и во нови победи тргни,
женствено, ама со чекори машки.
Та нели жени сме!
Ти жено!

Десанка Николова, фото-приватна архива

 

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button