Ослабна преку 70 кг, сега ужива во луксуз – погледнете го скапоцениот стан што Брена го купи за синот
Стан од 700.000 евра на 40. кат со поглед од милион долари

Наследникот на Брена ги изненади сите
Виктор Живојиновиќ покажа како изгледа луксузниот стан од 140 квадратни метри вреден преку 700.000 евра.
Како што објавија неодамна медиумите, Виктор се иселил од куќата на своите родители и сега живее во станот што му го купиле.
Виктор во својот нов стан на 40. кат
Инстаграм/ Виктор Живојиновиќ
Наводно пејачката, Лепа Брена, и поранешниот тенисер, Боба Живојиновиќ, за својот син избрале луксузен стан од 140 метри квадратни во Нов Белград и за истиот платиле во кеш неверојатни 700.000 евра.
Инстаграм/ Виктор Живојиновиќ
Поглед од милион долари
Нивниот наследник неодамна покажа како изгледа станот кој се наоѓа на 40-ти кат и од кој има прекрасен поглед на зајдисонцето.
Инстаграм/ Виктор Живојиновиќ
Виктор покажа и дел од просториите, но и од дневниот престој кој е украсен со скапоцени уметнички дела.
Инстаграм/ Виктор Живојиновиќ
Неверојатна трансформација
Потсетуваме, Виктор откако се стави на посебен режим на исхрана и почна редовно да тренира успеа да ослабне 70 килограми.
Тој во една пригода откри дека имал 163 килограми, па откако ослабна ги изненади сите со фотографиите што ги објави.
Инстаграм/ Виктор Живојиновиќ
Виктор сега е во топ форма, а како изгледа на фотографиите што ги има објавено, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Виктор Живојиновиќ
Минус 70 килограми
Неговиот процес на слабеење започна со ригорозни диети и вежбање, а најтешко беше да се реши од масните наслаги на стомакот.
Инстаграм/ Виктор Живојиновиќ
Од овие причини Виктор одлучи да направи липосукција за да го донесе и овој дел од телото во ред и да го постигне саканиот изглед.
Инстаграм/ Виктор Живојиновиќ
Брена беше загрижена, често плачела
Во една пригода и неговата мајка Брена со многу емоции зборуваше за неговата тешка боба со килограмите.
„Боба и јас постојано правевме вечери уште додека децата се уште беа мали и затоа Виктор дојде до 163 килограми. Многу патев заради тоа. Толку ми беше тешко што плачев“, откри познатата пејачка во една пригода.
Инстаграм/ Виктор Живојиновиќ
Виктор и додека траеше процесот на слабеење споделуваше фотографии, а во една пригода го покажа и процесот на трансформација.
Инстаграм/ Виктор Живојиновиќ
Тој објави тогаш фотографии од пред и по слабеењето покажувајќи го резултатот и сите ги изненади со својата истрајност и дисциплина.
Инстаграм/ Виктор Живојиновиќ
Па така на најновите фотографии на социјалните мрежи сега слободно може да кажеме дека Виктор изгледа како друг човек.