Ослабна 60 кг, па ги шокираше гледачите кога се појави во „Ѕвездите на Гранд“ – еве како изгледала некогаш
Нема да ви се верува дека станува збор за истата жена

Пејачката направи хаос на сцената
Триесетгодишната Ања Анџелиќ од Белград направи спектакл во „Ѕвездите на Гранд“ со песни од Алка Вујица и Јелена Карлеуша.
Но нејзиниот настап истовремено го подели жирито бидејќи за својот настап добри три „да“, но и три „паник“ тастери.
Натпреварувачката на сцената се појави во црн тесен комбинезон во кој изгледаше мошне атрактивно, а кога Воја Недељковиќ откри дека пред само година и пол имала преку 110 килограми сите во публиката, но и претставниците на жирито беа во шок.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Ослабнав 60 килограми“, изјави Ања на сцената.
Инстаграм/ Анџечиќ Ања
Од друга страна Марија Шерифовиќ не беше задоволна од нејзиниот настап, па покрај критиките за нејзиното пеење, пејачката и порача да најде некој од менторите со кого сериозно ќе поработи. Сличен коментар имаа и останатите претставници на жирито кои го пофалија нејзиниот изглед и енергичност на сцената, но дека пеењето било поприлично лошо и дека тоа мора да се коригира.
Како изгледаше настапот на Ања која на крај ја избра Ана Бекута за своја менторка, погледнете во продолжение…
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
A еве и како Ања изгледала некогаш…
Инстаграм/ Анџечиќ Ања
Неверојатна промена, нели?