Треба да одите на забава или некоја свеченост но никако не можете да влезете во скапиот нов фустан кој неодамна го купивте.
Не сакате да инвестирате во нов, посебно не во поголем број. Значи целта е некако да се намалите и тоа што е можно побргу. Можете да си зацртате да симнете пет килограми за десет дена и тоа што е можно на поздрав начин. Многумина ќе ве советуваат да пробате разни брзи диети, кои за жал се прилично нездрави, доведуваат до губење на водата од организмот поради што ќе ви се обеси кожата, а притоа ќе се чувствувате гладни, истоштени и несреќни. Оваа диета е осмислена на друг начин, па треба да поминете без никакви потешкотии или нус појави како вртоглавици и малаксаност.
Диетата трае точно десет дена. Најдобро е тоа што можете сами да си направите план за исхрана кој ќе го прилагодите на вашите желби и потреби. Најважно е да вежбате, бидејќи без вежбање нема да ги постигнете саканите резултати.
Јадете колку што е можно поразновидно свежо овошје, бидејќи секое овошје содржи одредени состојки кои му се потребни на вашиот организам за нормално да функционира. Истото важи и за зеленчукот, свеж или варен или подготвен на едноставен и здрав начин. Некои видови на зеленчук се богати со антиоксиданси, други со влакна кои го помагаат варењето, трети со витамини и минерали. Тие ќе ви помогнат да ослабите но и да ја подобрите состојбата на кожата.
Јадете зеленчук како моркови, зелена салата, домати … што пошарено и поразновидно. Направете си супа од зеленчук. Што се однесува до овошјето, јадете го многу, а за ова диета најдобро овошје е папаја, јаболки, портокали, јагоди, цитрони и малини. Овие видови на овошје не само што ќе ви помогнат во согорувањето на маснотиите, туку од нив ќе ги добиете и потребните хранливи материи. Исто така, наместо овошје и зеленчук можете да јадете јогурт со житарки без какви било додатоци. На 10 дена заборавете на леб, месо, сирење, јајца, тестенини слична храна.
Број на оброци во текот на денот
Само затоа што овошјето ќе ви помогне да ослабите, не значи дека смеете да го јадете постојано и во неограничени количини. На ден треба да имате четири главни оброци – појадок, ручек, ужина и вечера.
За секој оброк изедете шолја (од 2 дцл.) свеж зеленчук и исто така една шолја овошје. Можете да јадете и лесни супи од зеленчук или супа од домати, но немојте да ја надминувате определената количина. Исто така, наместо супа можете да јадете и вкусна салата од мешан зеленчук. Зачинете ја лесно на пример со сок од лимон. Немојте да користите преливи за салати бидејќи се многу калорични.
Порциите на овошје и зеленчук треба да ви бидат воедначени. Значи, за секој оброк морате да внесете приближно еднаква количина на овошје и зеленчук во организмот.
Вежбање
Самата диета не може да ви помогне во губењето на килограмите, единствено во комбинација со вежбање ќе се решите од вишокот маснотии. Ова не значи дека морате веднаш да се запишете на аеробик или да се зачлените во фитнес клуб. Можете да вежбате бесплатно, дома. Важно е убаво да се испотите со кардио вежби како возење на велосипед, брзо одење или трчање. Ако сте во можност вежбајте по еден саат секој ден или барем секој втор ден. Ако воопшто не сте во форма правете едноставни вежби. Обидете се да продолжите со вежбањето по десетте дена на диетата.
План за исхрана
Пример за план на оброците за еден ден од десетдневната диета.
Појадок:
1 шолја исечкано овошје
1 шолја сок од домати или 1 шолја обичен јогурт
Ручек:
1 шолја супа од зеленчук или чинија полна зелена салата и домати зачинета со лимон или нискокалоричен прелив за салати
1 шолја исечкано овошје
Ужина:
1 шолја исечкано овошје
Вечера:
Свежа салата од зеленчук – на пример краставица, морков, зелка, брокула, домати, зелена салата
1 шолја супа од зелје
1 шолја исечкано овошје
Обидете се да пиете што е можно повеќе течности, а што помалку кафе, благи сокови и други пијалаци. Исто така, вечерата нека ви биде што е можно порано и сите оброци нека ви бидат во исто време секој ден. Ако огладните помеѓу оброците, напијте се сок од домати или изедете некое овошје.
Избегнувајте шеќер што е можно повеќе, но ако почувствувате дека ви паднал шеќерот во крвта ставете во устата коцка шеќер или малку чоколадо, па напијте се чаша вода или чај.
Оброците треба да ги подготвувате непосредно пред јадењето, од свежо овошје и зеленчук. Немојте да јадете конзервирани супи, овошје или зеленчук бидејќи содржат многу шеќер и сол.
Ова не е една од брзите диети од која ќе се чувствувате лошо. Напротив, од оваа диета не треба да чувствувате никакви нуспојави. Но, поради тоа што сите немаат ист метаболизам, ако осетите каква било мачнина, вртоглавица или слабост, престанете со диетата или зголемете ги порциите за третина. Ако и тоа не ви помогне, прекинете ја диетата. Дефинитивно не е за вас.
Како и да е, ако се придржувате до упатствата не би требало да имате никакви проблеми. Во секој случај, вреди да се проба.