Шејан Лент целиот свој живот беше полничка девојка.
Нејзиниот отворен карактер и позитивен дух и овозможи секогаш да има многу пријатели, особено машки, кои секогаш и зборувале за други девојки. Таа секогаш била само пријателка со нив, а на 15 годишна возраст се вљубила во момче од своето училиште, но бидејќи тој бил спортист, а таа девојка со облини, никогаш не се осмелила да му пристапи и да му ги покаже своите чувства.
Се плашев да го изложам своето срце. Ја прифатив просечноста. Многу ми се допаѓаше, но сметав дека е недостижен за мене, изјави таа за Њујорк пост.
Тој и Реган останаа само пријатели, иако по средното училиште се запишаа на ист факултет, но меѓу нив никогаш немало ништо повеќе од пријателство.
Тој од секогаш ми беше симпатија. Останавме во контакт и нашиот однос се сведе на супер разговори, но тоа беше се, изјави девојката.
Но, денес таа има 28 години и многу работи се имаат сменето. Таа е истата личност каква што била и во средното училиште, но со една голема разлика. Покрај тоа што е емотивно позрела, Шеј ослабела дури 30 килограми и се претвори во вистинска убавица. Но нејзината трансформација не се случи преку ноќ.
Што поради себеси, што поради нереализираната љубов Шеј се согласи на макотрпни тренинзи и ригорозни диети, како конечно своето тело би го донела во ред.
Беше дел од една телевизиска емисија во која професионалните тренери ја презимаат контролата над луѓето кои, поради вишокот килограм, сакаат да излезат со своите тајни симпатии, но немаат доволно самодоверба. Реган, нејзината неостварена желба, денес живее во Вашингтон, а Шеј во Лос Анџелес
„Сонувам да дојде во ЛА да му ја ме види во ова ново издание, да се повозиме со мотор по автопатот Pacific Coast додека заоѓа сонцето..“ вели девојката која и пред емисијата да го види светлото на ТВ екраните, постана инспирација на многумина кои се борат со вишокот килограми и недостатокот на самодоверба.