Искрена исповед на една жена – ослабев 36 килограми благодарение на мастурбација
Ако мислите дека диетите и редовната физичка активност се единствениот начин да се решите од вишокот килограми, во заблуда сте!
Психологот Рамани Дурвасула откри многу интересен начин со кој се реши од вишокот килограми. Имено, таа откри дека изгубила дури 36 килограми така што почнала да мастурбира редовно по неколку пати на ден. Откако излегла од лошиот брак, решила да сврти нова страница и да го промени својот живот од корен, што подразбирало меѓу останатото да ослаби и со тоа да го промени сопствениот физички изглед и да изгледа поубаво.
„Иако почнав да внимавам на исхраната, понекогаш искушението за одредена храна беше преголемо па решив да ја променам тактиката, да се наградам секој пат кога би успеала да му одолеам на некое колаче. Но не со материјалните работи, туку со оргазам. Многу брзо забележав дека ова самонаградување ми годи, а така и многу брзо ја повратив самодовербата и повеќе го засакав своето тело“, објасни Рамани.
Инаку, според едно австралиско истражување од 2010 година во кое учествувале 150 луѓе, откриено е дека сексот помага во стресни ситуации, но докажан е и дека мастурбирањето има сличен ефект. Оргазмот испушта коктел од хормони кои го смируваат телото што влијае позитивно на целиот организам.