Орниш диетата помага во губењето на тежината и одржување на здравјето на срцето врз основа на внесување на помалку калории и нездрави масти. Ако го намалите внесот на масти, ќе ги намалите и калориите што ги внесувате. Исто така, тешко е да се прејадете и да се чувствувате тешко кога исхраната се состои главно од свежо овошје, зеленчук и интегрални житарки. Со диетата се препорачуваат и редовни физички активности кои помагаат побргу да ослабите и да ја подобрите циркулацијата и општата здравствена состојба.
Њујорк диета: изгубете 6 килограми и дури 12 сантиметри во половината >>
Пример на еднодневно мени:
Појадок: Интегрални житарки со немасен јогурт и сок од портокал
Ручек: Печен компир со немасно сирење/кашкавал, спанаќ и брокула; компир салата со немасен прелив, зелена салата со свежо овошје
Вечера: Леб со домати и капари, тестенини со зеленчук и праски во вино за десерт
Пијалоци: Вода, чај, кафе, обезмастено млеко, овошни сокови
Пијте вода (саси) и ослабете 10 килограми за еден месец >>