Рецепти

Ориз на кинески начин

Реклама
Реклама

kineski

Издинстајте го оризот на маслинов зејтин, па додајте пола литар вода.Посолете го и оставете го да се свари. Кога ќе биде готов, добро процедете го и потоа оставете го да се излади.

Во WOK тавата издинстајте го морковот, кромидот и пиперката. Ова треба да го направите со малку вода, така да кога ќе биде готово, водата треба да испари.

Маркетинг

Е сега на вака подготвениот ориз можете да му додадете зачини по ваша желба (во супер маркетите постојат кинески мешавини на зачини), или пак да му додадете соја сос. На крај вака подготвениот ориз да го измешате со пилешко, кое исто така треба да ви биде направено на кинески начин (поховано или динстано!). Како замена на пилешкото можете да додадете печурки!

Потребни состојки:

Маркетинг

300 гр ориз | 200 гр свежа пиперка | 200 гр морков | 1-2 главица кромид | 250 гр пилешко (или печурки!)| соја сос

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button