Жените за време на сексуален однос не само што можат да ги нижат оргазмите еден по еден, туку можат да доживеат и два оргазми во исто време.
Секоја жена, покрај клиторалниот оргазам, може да доживее и вагинален, а максимално задоволство е доколку таа ги доживее двата оргазма истовремено. Единствен проблем е во тоа што вагиналниот оргазам се доживува многу поспоро од клиторалниот, па затоа вие и вашиот партнер ќе морате да бидете малку порешителни доколку сакате да го почувствувате тоа „О2“ задоволство.
Едноставно, колку подолго трае сексуалниот однос, толку поголема количина на крв циркулира низ телото и со тоа се надразнува секоја педа од него, а тоа е она што е најпотребно за да се доживее вагиналниот оргазам.
Ама како?
Што се однесува до позите, па и самите знаете дека можат да бидат најразлични, во зависност од пригодата и од вашите желби. Сепак, најдобра поза за постигнување на двоен оргазам можеби е познатата „кучешка“ поза, односно кога вие ќе се најдете на колена и ќе се потпирате со рацете, а тој на „работна задача“ позади вас. Во ова поза вашиот партнер најлесно може да дојде до „Г“ точката, а и неговите раце се слободни, па можат да се најдат на вистинското место, во вистинското време, и да ви помогнат во намерата.
Покрај оваа поза, двојниот оргазам можете да го доживеете и во многу други пози, а можеби најпаметно ќе биде доколку го земете кормилото во вашите раце. Тој нека биде во лежечка позиција, а вие седнете врз него и правете ги оние потези кои најмногу ве возбудуваат, и притоа не заборавајте да го стимулирате клиторисот со рацете. Така ќе ја предводите играта онака како што вие сакате, а за полесно да го достигнете двојниот оргазам, обидете се со движењата на телото да се стимулирате што е можно повеќе.
Аха…
Ова можете да го правите и во фотелја, со тоа што доколку вие сакате да бидете одоздола, тој ќе мора да оди на колена, а вие удобно да се наместите. Наш совет за во фотелја е тој да остане одоздола, а вие да му го свртите грбот и да се наместите. А откако ќе го направите ова, пробајте со кружни движења. Не заборавајте со рацете да го стимулирате клиторисот, и сето тоа додека се „играте“ со неговиот пенис, но само со помош на вагиналните мускули.
Потоа се што треба да направите е да се опуштите, да го успорите темпото, да го контролирате ритамот и на моменти да се поместите, па ако треба дури и да ја смените позата. Сето ова го правите само се една цел, а тоа е вашата „V“ зона да биде што повеќе во игра. По неколку одлагања, слатката мака ќе ве донесе до портите на незаборавниот двоен климакс.
Пробајте, нема да зажалите!