Научи да се опуштиш и да го правиш она што те прави среќна. Ништо не мораш, никому не должиш ништо. Не мора да се докажуваш пред другите, да им ја потврдуваш својата вредност, да им докажуваш дека си во право…
Најважно е да се сфатиш самата себеси и својата вредност. Анализирај се себеси и своите желби и тоа прави го што е можно почесто. Ги знаеш своите доблести и треба да им дадеш можност да испливаат на површина. Ништо не мораш, не треба да чекаш некој да ти се заблагодари за тоа што постоиш. Кога навечер ќе легнеш во кревет и кога ќе ги затвориш очите, заблагодари се само на Бог и на себеси, за она што веќе го имаш, а имаш многу. Не трчај кон она што постојано ти бега. Смири се и пристапи полека и умерено.
Не форсирај се себеси и не исцрпувај ја својата енергија само за на другите да им покажеш дека умееш. Докажувај се само пред себе и дозволи твоите дела да зборуваат за твојата големина. Животот е премногу краток за да се трудиш да ги импресионираш другите, а притоа да се изгубиш себеси…