Реклама
Нега и здравје

Операцијата која некогаш беше табу, сега станува една од најбараните во естетската хирургија – Барби изглед во пределот на гениталиите

Освен лабиопластика, постојат и други модерни и барани методи кои се изведуваат во пределот на гениталиите.

Реклама

Жените сѐ почесто се подложуваат на процедура, односно операција, позната како „Барби изглед“, а се изведува во пределот на гениталиите.

За што станува збор?

Лабиопластиката е корекција на малите усни на вагината. Моментно е вистински тренд во светот, а методата станува популарна и кај нас. Достапна е во поголемите наши приватни клиники.

Во последниве години, постои тренд на таканаречен Барби лук, лабиопластика, која подразбира целосно отстранување на малите усни. Овој метод го враќа невиниот изглед на вагината, што е една од нејзините најголеми предности.

Маркетинг

Зголемените полови усни може да влијаат на квалитетот на животот, да ја намалат самодовербата, да оневозможат носење на посакувана облека, на пример,  тесни панталони или хеланки. Исто така може да предизвикаат ограничување во однос на избирање на костим за капење, но проблемот се јавува посебно кога се работи за интимните односи.

Кога се прави лабиопластика?

Причините поради која се прави лабиопластиката можат да бидат:

Маркетинг
  • незадоволство од своето тело и несигурност во интимните односи
  • проблем при одржување на лична хигиена
  • функционално нарушување на сексуалните односи
  • болка за време на сексуален однос
  • чувство на непријатност при носење одредени видови гардероба
  • пречка при спортски активности, а некогаш и при вообичаени, секојдневни активности кои предизвикуваат инфекција, чешање и сувост на интимната регија
  • оток на срамните усни, нивно вовлекување во вагината и последователни повреди.

Што е вагинопластика?

Освен лабиопластика, постојат и други модерни и барани методи кои се изведуваат во пределот на гениталиите.

фото-пекселс

Вагиналната ревитализација (вагинопластика) е исто така третман достапен во нашите клиники, а се користи за подобрување на тонусот и еластичноста на вагината. Се изведува најчесто со помош на ласерски технологии.

Перинеопластика е метод со кој се прави реконструкција на перинеалното ткиво, честопати потребна по породување, а клиторопластика значи подобрување на функционалноста и естетиката на клиторисот.

Што е клиторопластика и кога се применува?

Станува збор за хируршка процедура која се изведува на клиторисот, најчесто за реконструкција, намалување или естетско оформување.

Постојат неколку видови на клиторопластика, зависно од медицинските или козметичките потреби:

Видови на клиторопластика:

Реконструктивна клиторопластика – Изведена кај жени кои претрпеле генитално осакатување (ФГМ) или траума, со цел да се врати анатомијата и функцијата на клиторисот.

Редуктивна клиторопластика – Во случаи на клиторомегалија (зголемен клиторис), често предизвикана од хормонски нарушувања, хируршки се намалува неговата големина.

Козметичка клиторопластика – Некои луѓе избираат процедура за промена на изгледот на клиторисот и околното ткиво од естетски или лични причини.

Процедурата се изведува од специјалист по пластична или реконструктивна хирургија и бара детална консултација со лекар.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button