Станува збор за болест која е тешка за дијагностицирање, бидејќи симптомите се појавуваат во напреден стадиум на болеста, а можат и да им се припишат и на други патологии како замор, надуеност, болка во стомакот и карлицата.
Според повеќе истражувања жените кои имаат аномалии на генот BRIP1 имаат три пати поголеми шанси да развијат рак на јајниците во однос на оние што ја немаат оваа аномалија. Изменетиот ген веќе е препознаен како предиспозициски и главна причина за овој вид карцином, но ова е прв пат опасноста да биде прикажана во бројки, во едно истражување кое беше објавено во списанието на Американскиот институт за истражување на ракот. „Околу 18 од 1000 жени развиваат рак на јајниците, но опасноста расте на дури 58 од 1000 кај оние кои ја имаат оваа аномалија“ се истакна во соопштение на британските научници кои го спроведоа ова истражување.
Инаку, овој вид на карцином е најсмртоносен кај гинеколошките видови на рак, односно тој е причина за смртност кај 150.000 случаи секоја година во светиот, според податоците на Светската здравствена организација