Реклама
Нега и здравје

Опасен тренд за екстремно губење на килограмите се шири помеѓу младите девојки на Фејсбук

Реклама

Пред некое време на социјалните мрежи се појави еден опасен тренд #thinspo”, кој откако беше забранет на Пинтерест и Тумблр, се префрли на Инстаграм.

Маркетинг

По ова се појави нов тренд наречен “Thigh gap” што може да се преведе како „процеп меѓу нозете“ и кој,

како што кажува самото име, се однесува на многу слаби женски нозе помеѓу кои останува простор кога ќе се спојат. Овој феномен најпрво беше забележан на модните писти, односно манекенките често имаат истакнат процеп меѓу нозете, но ситуацијата станува опасна кога такво нешто ќе стане тренд помеѓу младите девојки.

Оние тинејџерки и млади девојки кои го сакаат ова екстремно слабеење и кое го следат на социјалните мрежи како Тумблр, Твитер, а кај нас и Фејсбук, треба да бидат предупредени дека станува збор за мошне опасен тренд, кој многу лесно може да предизвика анорексија.

Маркетинг

Еден познат плус-сајз модел се одлучи јавно да позборува за овој феномен, особено поради тоа што на кастинзи среќавала млади девојки кои имаат ваков процеп меѓу нозете инспирирани од анорексични нозе и гордо објавувале фотографии во долна облека на Фејсбук.

„Па тоа е само уште една алатка за манипулација која другите луѓе се обидуваат да ја искористат за да ме спречат да го сакам моето тело. Зошто некој би сакал да се изгладнувате и да го ослабите вашето тело? Па јас го сакам спротивното – сакам моите бедра да бидат поголеми и посилни. Сакам да трчам побрзо и да пливам. Претпоставувам дека сите сакаме различни работи, но жените веќе имаат доволно притисок и без ова дополнително и глупаво оптоварување како што е овој бизарен тренд“, вели плус-сајз моделот Робин Ловли во нејзината колумна за The Daily Beast.

Од друга страна, овој тренд не само што е мошне опасен и може да предизвика пореметување во исхраната кај оние што настојуваат да добијат процеп меѓу нозете, според многу стручњаци тој за многумина е и невозможен, бидејќи станува збор за специфична конструкција на телото, па така и многу слаби девојки не можат да изгледаат така. Според ортопедот и фитнес инструкторот Вонд Рајт сé е во генетиката и ваков процеп меѓу нозете можат да имаат само оние што се природно слаби и имаат такви колкови, односно мускули на нозете.

Сепак, без разлика на предупредувањата што доаѓаат до сите страни кога станува збор за работи како овие, на интернет постојат бројни туторијали за тоа како да се постигне овој изглед (еве на пример еден таков бизарен туторијал – види тука), како и галерии со девојки кои изгледаат така.

Што се однесува до нас, како портал кој редовно објавува текстови поврзани со диети и здрав начин на исхрана, ние би сакале само да напоменеме дека воопшто не се согласуваме со ваквите глупави обиди да се манипулира со младите луѓе, а што се однесува до изгледот, нашата основна девиза е – сите сме убави, секој на свој начин, а ќе бидеме уште поубави кога ќе се грижиме и за нашето здравје а не само за изгледот.

Па, гледајте на диетите како почеток на сосема нов и здрав начин на исхрана, но и на живот, постојано внимавајте на вашето здравје и немојте да се обидувате да бидете она што не сте!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button