Еве што вели науката: Три причини поради кои оние што се соло се поздрави од оние што не се

Вашиот љубовен статус влијае на вас

Според последните истражувања самците имаат подобра опција да бидат во физичка форма. Затоа кога некој ќе ви каже дека е време да најдете партнер или партнерка или ве праша „Дали сте осамени“, објаснете му најљубезно дека е многу поздраво да бидете соло отколку во врска.

ADVERTISEMENT

Оние што се сами се во подобра форма

Се повеќе студии потврдуваат дека оние што се сами повеќе вежбаат и се занимаваат со физички активности од оние луѓе кои не се сингл. Една таква студија спроведена на 13.000 Американци покажува дека луѓето кои не се во брак вежбаат повеќе од оние кои живеат со своите брачни другари.

Оние луѓе што се соло се хранат поздраво од оние што се во лоша врска

Нездравите и токсични врски ги доведува луѓето до нездрави навики, а меѓу нив и нередовната и лоша прехрана која во одредени моменти доаѓа како бегство и утеха од проблемите во врската.

Соло екипата е подобра во одржувањето на неромантични односи

Оние кои се соло, повеќе време поминуваат со своите пријатели и семејството, па дури и со комшиите за разлика од оние што се во врска. Нивните пријателства имаат тенденција да бидат подолги и поквалитетни бидејќи ним токму ваквите односи им се во преден план.

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed