До сите оние кои се обидуваа да ме сопнат: Во животот ми помогнавте да се искачам едно скалило погоре
Во животот наидуваме на секакви луѓе. Некои кои не’ поддржуваат, но и такви кои се обидуваат да не’ вратат еден чекор наназад. Ова е за сите оние кои спаѓаат во втората група.
Вие кои секогаш сакавте да ги видите солзите на моите очи, вие само ми помогнавте да се искачам едно скалило погоре кон успехот, затоа што научив да бидам бестрашна, а веќе знам како да се носам со солзите. Вие што секогаш зад грб зборувавте за моите неуспеси, само ми помогнавте да согледам каде грешам кога ве избирам вас. Благодарение на вас јас сфатив дека моите падови не значат дека треба да се откажам. После сите вас, јас заминав дома и повторно собрав сили да тргнам напред.
Вие кои секогаш се ситевте од мојата тага, токму вие ме охрабривте да се изборам со неа и да сфатам дека и таа е дел од овој живот. Од вас научив дека во животот вреди да преземаме ризици. Моите падови не се изговор за да не продолжам понатаму. Напротив, само црпам сила и погледнувам нагоре, зашто мојата цел е да ги дофатам ѕвездите кои никогаш нема да блеснат над вашето сиромашно небо!