Брзата, едноставна и здрава вечера е сон на секоја домаќинка, а овој омлет е вистински решение за сите жени кои сакаат да го изненадат семејството и пријателтите, а да не потрошат премногу време во кујната.
Потребни ви се само основните состојки кои веројатно веќе ги имате во вашата кујна, а вечерата ќе биде подготвена зa помалку од половина час.
Потребни состојки
6 јајца, 1 шолја млеко, ½ шолја брашно, ½ лажика сол, ¼ лажичка со црн пипер, сечкана пржена сланина, изрендан кашкавал, ситно исечкан млад лук
Подготовка
Загрејте ја рерната на 230 степени, и подмачкајте со малку масло една поголема тава. Во блендер ставете јајца, млеко, брашно, сол и црн пипер. Сето ова добро измешајте го, а ако немате блендер ова можете да го направите и рачно. Потоа подготвената смеса ставете ја во тавата, па одозгора ставете сланина, сирење и лук, или некое друго полнење по ваша желба (фета сирење, кисели краставици, маслинки и сл.) и ставете да се пече во загреаната рерна.
Печете 20 минути, па добиеното „тесто“ одвојте го од тавата, направете ролат (или свиткајте на половина!) и послужете со свежи патлиџани.