Денес ви претставуваме еден одличен појадок кој ќе ве наполни со енергија. Се подготвува за само 15 минути, а доволен е за 4 возрасни личности.
Потребни состојки:
- 8 јајца
- 200 грама карфиол
- 100 милилитри млеко
- 2 главици млад кромид
- сол
- мелен бибер
- 2 лажички маслиново масло
- брокула
Начин на подготовка: Во посолена вода сварете ги карфиолот и брокулата кои претходно сте ги исечкале на мали цветови. Во еден сад изматете јајца, додајте млеко, па зачинете со сол и бибер. Во поголема тава загрејте маслиново масло, на него ставете ја смесата со јајцата, потоа карфилот и брокулата, па половина од кромидот. Поклопете и печете од 5 до 10 минути, на среден оган. Кога омлетот ќе биде готов декорирајте го со младиот кромид и свежо мелен црн бибер.
Совет плус: За омлетот да ви биде мек и вкусен, обидете се одделно да ги матите белките од жолчките, па потоа да ги соединете. Мешајте полека, а препорачливо е да го печете во тава прекриена со капак.