Шминка

Еве кои се омилените пудри на Ријана, Кардашијан, Џиџи и Хејли

Advertisement

Познатите девојки ни открија каква течна пудра користат кога сами се шминкаат, па така дознавме дека Ријана и Кардашијан користат иста подлога.

Advertisement

Овие девојки кога станува збор за некои пригоди, секогаш покрај себе имаат професионални визажисти кои ги шминкаат, но дали е тоа така и какви пудри користат кога треба на пример да скокнат на кафенце со пријателките, па на брзина и сами да се нашминкаат? Не интересираше ова, па благодарение на Интернетот, брзо дојдовме до одговорот.

Така на пример дознавме дека Ким Кардашијан и Ријана користат иста подлога. Тие ја користат течната пудра Giorgio Armani Beauty Luminous Silk. Ким го сака овој производ бидејќи на нејзиното лице и дава убав сјај, а тоа го гледаме и кај Ријана. Но Ким ни дава и еден совет повеќе – прво нанесува на рацете, па од таму зема колку што и е потребно.

Advertisement

 

Џиџи Хадид пак, амбасадорка на брендот „ Maybelline“ вели дека ја обожава пудрата Fit Me! – „Таа навистина е добра и постојат два вида. За преку ноќ користам мат, бидејќи изгледа подобро на фотографиите.“

Хејли Болдвин е уште еден модел со прекрасна кожа, а нејзината омилена пудра е од L’Oreal – True Match Lumi Cushion. 

 Па, дали сте пробале некоја од овие пудри и што мислите за нив? Која е вашата омилена пудра?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button