И покрај тоа што сме љубителки на високи потпетици мораме да признаеме дека патиките ни се исто толку драги, и ова особено важи за оваа сезона.
Зошто? Па затоа што сега како никогаш претходно можеме да ги носиме во стилизирани комбинации и притоа повторно да изгледаме стилизирано и кул. Станува збор за тренд кој го открија најпознатите ИТ девојки во светот, а потоа го прифатија и славните манекенки како Џиџи Хадид, Кендал Џенер и Роузи Хантингтон-Вајтли, а сето останато е историја која и во моментов се пишува. Но, доста зборувавме за модата во Париз, Њујорк или Милано, редно е да ја разгледаме ситуацијата со овој тренд кај нас. А каде прво, ако не кај нашите модни блогерки, нели?!
Па, еве ги најинтересните комбинации со патики што ги пронајдовме на модните блогови кои во последно време ги има се повеќе и повеќе – што не радува!
Што мислите, кој е нивниот омилен бренд?