Модни совети

Клучните деловни парчиња на најпознатите воркохоличарки во светот на модата!

Advertisement

Кога станува збор за работа, постојано носиме исти парчиња – кошула, блејзер, панталони, здолниште, фармерки.. и се така во круг!

Advertisement

Но секоја од нас имаат по некое парче кое ни е омилено па и кога станува збор за комбинациите што ги носиме на работа. Во продолжение прочитајте кои им се клучните парчиња во деловниот стил на најпознатите модни уреднички.

Кетрин Ормерод, уредничка на шопинг сајтот Lyst.com

Advertisement

„Иако мојот секојдневен изглед во канцеларија оди во две крајности – од беспрекорните деловни комбинации кои подразбираат испеглана кошула, здолниште со молив крој и салонки, па до оној кој личи на импровизација на спортската елеганција (иако тоа повеќе е изглед кој е на пат до теретана), постои парче на кои секогаш се навраќам, а тоа е блејзер. Без разлика дали го носите со џемпер и фармерки или свилена кошула и здолниште, ова парче автоматски го трансформира вашиот изглед во формално и classy издание“. 

ASOS Tailored Blazer in Linen £40.00

Лили Русо, уредничка за мода во Grazia

„Изборот на обувки може да биде незгоден во преодниот период како што е помеѓу зимата и пролетта, но и сега помеѓу пролетта и летото, но еве јас и сега не се откажувам од моите омилени црни каубојски чизми. Тие се супер удобни, имаат мала пета и по цел ден можете да трчате во нив, а и одлично се вклопуваат како со фармерки така и со здолништа“.

ASOS RACE Peep Toe Sock Boots £38.00

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button