Сите знаеме дека Јосип Броз Тито бил голем хедонист, па така имал и префинет вкус за храна.
Ова е една од неговите омилени торти, и ви предлагаме да ја направите и пробате што поскоро!
Состојки за една кора (се печат вкупно 3):
4 белки
5 лажици шеќер
1 лажица брашно
1 лажица презла
4 лажици ореви
Прв дел од филот:
500 мл млеко
2 кесички ванилин пудинг
5 лажици шеќер
5 лажици брашно
Втор дел од филот:
12 жолчки
80 мл вода
150 гр шеќер
250 гр маргарин
175 гр шеќер во прав
100 гр бело чоколадо
100 гр црно чоколадо
За декорација:
Шлаг
Подготовка:
Изматете ги белките со шеќерот, додајте ги брашното, презлата и оревите. Истурете ја добиената смеса во плех и печете. Истото повторете го трипати за да добиете три кори.
Првиот фил се прави така што во половина литар млеко ќе сварите два пудинга со шеќерот и брашното.
За вториот фил, изматете ги жолчките со шеќерот, постепено додавајќи вода. Оваа смеса варете ја на пареа.
Изматете го маргаринот со шеќерот во прав. Потоа, додадете го сварениот пудинг и варениот фил од жолчки. Изматете сè заедно во еден крем.
Добиениот фил поделете го на два дела – во едниот додајте темно чоколадо, а во другиот бело чоколадо.
Редете ги корите, нанесувајќи ги двата вида фил наизменично. Декорирајте со шлаг.


Уживајте во оваа царска торта!