Омилената намирница на Македонците – што прави на нашето тело?
Иако нејзиниот богат вкус и арома често се ценети, многумина ја избегнуваат, пред сè, од здравствени причини. Но треба ли да се избегнува?

Сланината е една од најпознатите намирници во многу домаќинства ширум светот. Без разлика дали е дел од омилениот појадок, додаток во јадењата или предјадење во кое се ужива, сланината е неизбежна на трпезата на многу Македонци.

Сепак, иако нејзиниот богат вкус и арома често се ценети, многумина ја избегнуваат, пред сè, од здравствени причини. Стравот од прекумерно внесување масти и холестерол често ги тера луѓето да ја исфрлат сланината, па дури и другите видови мрсно месо, од својата исхрана.
Сепак, нутриционистите, откриваат некои интересни факти што би можеле да го променат нашето мислење за сланината.
Според нив, многу луѓе кои внимаваат на исхраната и ја избегнуваат сланината, веројатно не се свесни дека постојат и други намирници кои содржат уште поголеми количини холестерол, како морските плодови, кои многумина ги сметаат за здрави и често ги вклучуваат во диетите.
Овие сознанија, засновани на резултатите од нови истражувања, можат да бидат изненадувачки за многумина.
Еве ги фактите – во сланината има само 2 проценти штетни незаситени масти, а мононезаситените масни киселини се трипати побројни отколку во морските плодови – истакнува новата студија.
Зошто е добро да се јаде сланина и за време на диета?
Ако и вие сте меѓу оние кои внимателно го избираат секој залак, можеби е време да ги преиспитате вашите убедувања за сланината.

Иако не се препорачува нејзина прекумерна консумација, балансираното и разновидно вклучување на оваа намирница може да биде дел од здравата исхрана.
Според нутриционистите, сланината е корисна и за оние кои држат диета.
Нашиот организам е како компјутер. Тој знае колку се мачел да ги сочува мастите. Следниот пат кога ќе започнете со диета, организмот собира, не дозволува лесно да ја испушти мастта од организмот – нагласуваат нутриционистите.