Омер и Дефне повторно заедно?
Турските актери Бариш Ардуч и Елцин Сангу кои на нашата телевизиска публика и станаа познати преку ликовите на Дефне и Омер од пупуларната серија „Изнајмена љубов“ наскоро повторно ќе глумат заедно. Според она што го пишува во турските медиуми познатите актери наскоро ќе се појават заедно и тоа во уште една серија чии детали ќе бидат објавени на почетокот од ноември. Медиумите пишуваат дека Елцин и Бариш наскоро треба да почнат со снимањата на нова серија, но конкретно за дејствието што ќе се случува во серијата се уште нема никакви информации. Инаку, наскоро треба да почне и втората сезона од популарната серија која кај нас го носи името „Вљубениот ерген“.
Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .