Холивуд

Оливија Палермо ни одржа лекција како да носиме монохроматски комбинации оваа есен

Advertisement

Оливија Палермо во шик монохроматско издание

Advertisement

Оливија Палермо на Модната недела во Париз се прошета во фантастично издание со кое беше главна ѕвезда во првите редови на ревијата на „Balmain“. Познатата њујоркчанка носеше деловно-кежуал издание во светло кафеава нијанса преполно со златен сјај кое потполно се вклопува во есенскиот моден колорит. Станува збор за комплет од престижниот дизајнерски бренд „Max Mara“  составен од широки ¾ килоти и плетен џемпер со крупно ткаење и елегантен елек без ракави со дворедно закопчување. Елекот е полн погодок бидејќи сакото можеби е поочекувано, но дефинитивно би се одразило негативно на големото модно изненадување што ни го приреди миленичката и музата на многу дизајнери со ова шик издание..

Единствени отстапки од монохроматизмот имаме кај фантастичните шпиц високи потпетици со децентно ременче околу зглобовите, додека благите бранови и златни прамени во косата потполно се согласуваат со целата комбинација. 

Па, дали ви се допаѓа Оливија во ова издание?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button