Оливија откри кој ја советувал да замрзне јајце клетки
Оливија Мун веќе отворено зборуваше за тоа дека замрзнала јајце клетки, а сега за медиумите откри и кој и го дал благословот за тоа. Имено познатата 37 годишна актерка на афтер-парти забавата на „Vanity Fair“ откри дека сите потребни совети и ги има дадено Ким Кардашијан Вест. „Сакав да го направам тоа па и се јавив да ми раскаже се што знае за тоа“ изјави познатата убавица за странските медиуми. Оливија најпрво долго размислувала, а потоа и се обратила на Ким пред неколку години. Ким во меѓувреме на тој начин го доби и третото дете, по ќерката Норт и синот Саинт кои ги има со реперот Канје Вест, од сурогат мајка која пред седум недели им ја роди ќерката Чикаго.
„Ким всушност ме охрабри па појдов кај мојот доктор. Ние двете сме пријателки веќе со години, многу-многу долго време. И многу сум горда на сето она што таа го направи. Ким навистина е човек во вистинската смисла на зборот. А ако нешто ве интересира, таа секако знае сé за тоа“, изјави познатата актерка и додаде дека според неа секоја жена би требало да замрзне свои јајце клетки.
Што мислите вие на оваа тема?