БизнисПрепораки

Охриѓани седнале да вечераат во позната кафеана, па се изненадиле кога келнерот им ја донел сметката

Не го очекувале ова!

Advertisement

Почитувани, во рубриката Препораки на Гламур магазин сакаме да издвоиме производи за кои сметаме дека би ве интересирале, но и за кои сме убедени дека се квалитетни или веќе и ние самите ги користиме. Ова исто така важи и за акции, попусти, но и препораки за одредени ресторани, кафулиња, хотели, па и културни настани за кои сметаме дека се интересни за читателите на нашиот портал. Некои текстови во оваа рубрика можат да бидат спонзорирани, а за некои пак се инспириравме од вашите предлози кои може да ни ги испраќате во коментарите или на нашата Фејсбук страница.

Не, ова не се случува во Охрид, туку на едно место 435 километри од Охрид или околу 250 километри од Скопје…

Неодамна ни пристигна порака од едни наши читатели кои беа воодушевени од една кафеана во Сокобања, Србија.

Advertisement

Всушност станува збор за млад брачен пар од Охрид кој поминал неколку дена на ова место, познато како една од најубавите бањи на Балканот, но и туристичко место за најдолга традиција.

Принтскрин/ Јутуб

Имено, Сокобања е поприлично содржајно туристичка дестинација која мора да се посети и која навистина заслужува да се најде на врвот на вашата листа за патување. Ова посебно важи за оние кои сакаат да го подмладат своето тело и да го поткрепат својот дух благодарение на благотворното дејство на термалните води и воздух кој тука е преполн со кислород и негативни јони.

Advertisement

Но покрај сите овие позитивни работи, овие наши читатели доживеале вистинско шок кога заедно со пријателите отишле во една кафеана.

Принтскрин/ Јутуб

И како што пишуваат тие во пораката што ја добивме неодамна, всушност станува бор за позитивен шок кој следувал по богатата вечера и наместо очекуваните високи цени, им донеле сметка која била далеку поповолна од онаа што ја очекувале.

„Едноставно, не ни се веруваше. Требаше да платиме вкупно околу 4000 динара, односно во наши пари околу 2000 денари. И кога ја поделивме сметката со пријателите, плативме по 1000 денари, а се пренатрупавме од јадење. Порачавме плескавица, ребро, две порции печени пиперки, неколку салати, а кога ја донесоа првата шљивка не почестија со кисела зелка и кајмак“, пишува во пораката што ја добивме.

„И за сето ова помалку од 20 евра ако го земеме во предвид и бакшишот што му го оставивме на келнерот“, пишува во пораката.

Приватна архива

„И да напоменам, станува збор за една од најубавите и најскапите кафани на ова место, каде музичарите цела вечер ни свиреа на увце. Кај нас или во Скопје ќе потрошивме минимум два пати повеќе“, вели оваа госпоѓа која сакаше да остане анонимна.

„Ова навистина е место кое на сите им го препорачувам да го посетат“, заклучува таа и ни испрати и слики од ценовникот.

И бидејќи многумина од нас се навикнати да им бидат испразнети џебовите кога ќе посетат било кој ресторан, навистина е вистинско изненадување кога ќе слушнеме дека некаде може да си поминете царски, а притоа да не банкротирате. И дека ова навистина не е бајка, туку вистинско искуство на овие наши читатели, во продолжение погледнете уште неколку интересни факти за ова специфично место за кое сме убедени дека ќе ви се допадне.

Инаку, станува збор и за истата кафана, а во продолжение погледнете и дел од менито од ова место во Сокобања.

Приватна архива

Приватна архива

Приватна архива

Приватна архива

Приватна архива

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button