Огласи
Новости

„Огромно сочувство за недоместливата загуба до Александар“, братот на Андреј – МНТ ги отвори вратите за семејствата на хоспитализираните

advertisement
advert

„Со големо жалење ја примивме веста за смртта на музичарот Андреј Ѓорѓиески, брат на нашиот колега актерот Александар Ѓорѓиески, дел од активниот ансамбл на МНТ. Загубивме голем музичар, хуманитарец и пријател.

Изразуваме огромно сочувство за недоместливата загуба до Александар и неговото семејство, пријатели и колеги“ – се вели во соопштението од МНТ.

фото-МНТ

Македонскиот народен театар ги отвори вратите во знак на солидарност и општествена одговорност, за сите семејства на хоспитализираните лица кои се повредени од настанатиот пожар во Кочани.

реклама

На семејствата кои имаат потреба да останат во Скопје и да бидат блиску до своите најблиски, Македонскиот народен театар ќе им овозможи престој тие да бидат сместени во гримиорните и апартманите.

Инаку, поради тешката трагедија од големиот пожар, кој се случи во дискотеката во Кочани, сите изведби во Македонскиот народен театар во текот на оваа недела од 17 до 22 март 2025 година ќе бидат откажани.

Марpкетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button