Огромна ламарина падна на тротоар на „Илинденска“: Можеме ли безбедно да се движиме без да се плашиме за сопствениот живот?

Жена од Скопје на социјалните мрежи попладнево објави дека паднало големо парче ламарина од зграда на која се работи на тротоар и велосипедска патека на скопскиот булевар „Илинден“.
„Ало Скопје? Можеме ли безбедно да се движиме без да се плашиме за сопствениот живот? Колку жртви се потребни за да се стави некој ред на сите случувања околу нас? Една минута пред да падне овој лимов поминав од тука и немаше ниту луѓе, ниту некаков знак дека нешто се гради или руши или пак дека може да има одрони и објекти да ви паѓаат туку така на сред патека и дел на Илинденска која притоа е постојано активна. Требаше да падне врз човек за да реагирате и да ставите некаков ред на ова постојано градење и рушење? СТРАШНО! Гледајте луѓе во сите правци – никаде не сме безбедни!“, пишува жената на Фејсбук.