Реклама
Нега и здравје

Американска педијатриска академија предупредува – ограничете им го сокот на вашите деца

Реклама

Со секој оброк вашите деца бараат чаша сок?

 

Со секој оброк вашите деца бараат чаша сок? Вистина е дека најмалите сакаат сокови затоа што се вкусни и слатки, но морате да ставите граница на дневната дозволена количина, за да не им го згрозите здравје. Лекарите постојано истакнуваат дека соковите, дури и оние на кои пишува дека содржат 100% овошје, се чиста хемија. Тие се преполни со шеќери и се висококалорични, при што предизвикуваат здебеленост, забавување на метаболизмот, но и предизвикуваат дијабетес и кариес, особено кога се пијат полека, голтка по голтка.

Маркетинг

Поради тоа Американската педијатриска академија им препорачува на родителите да им го ограничат внесот на сок на нивните деца, а воопшто да не им дозволуваат да пијат сок до нивната прва година. До три година пожелно е да пијат само половина чаша дневно, до шест три четвртини од една чаша, а до 18 години една чаша или 2 децилитри на ден.

Исто така и возрасните би требало да го ограничат консумирањето, затоа што водата, свежо цедените овошја и чаевите се многу поздрави и попотребни му се на организмот.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button