И додека Цеца ги забавуваше гостите на роденденот кај Врањеш, Карлеуша во ОВА издание направи хаос на социјалните мрежи
И додека Огњен го прославуваше роденденот на кој му пееше Цеца Ражнатовиќ, Карлеуша направи хаос на Инстаграм.
Имено, додека гостите на фудбалерот Огњен Врањеш на неговиот 30 роденден уживаат во Атина додека ја слушаат Цеца, Карлеуша објави неколку провокативни фотографии на социјалните мрежи со кои сакаше да го привлече вниманието на себе. И тоа го направи успешно.
На фотографиите не се гледа дали Карлеуша носи долна облека, па фановите беа изненадени од ова нејзино издание.
Пејачката носи тесен црн фустан со отвори на местата на кои треба да се гледа долната облека, па обожавателите се убедени дека Карлеуша под фустанот не носи ништо.
Инаку, таа и само неколку дена претходно објави фотографии на кои позираше во слично издание.
Пејачката тогаш носеше црн „кроп-топ“ џемпер кој го спои со златно здолниште и златни високи чизми, а бидејќи кусото здолниште од страна има само врвки гледа се дека не носи ништо под него.