TV

Официјално е! По Шерифовиќ, уште еден важен член на жирито кажа збогум – потпиша нов договор со Митровиќ

Се распаѓа жирито на „Ѕвездите на Гранд“.

Advertisement

Откако беше најавена новата сезона на музичкото натпреварување „Пинкови ѕвезди“, започнаа шпекулации за тоа кој ќе биде дел од стручниот жири состав.

Сега е официјално! На столчето во жирито ќе седне и Драган Стојковиќ Босанац, кој долги години беше член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“.

Advertisement

Босанац и Жељко Митровиќ веќе го потпишале договорот, а сопственикот на телевизија Пинк му посака јавно добредојде на својот нов соработник.

„Се познаваме одамна, од кога беше многу млад. Го знам од времето кога направи едно од најдобрите тонски студија и не штедеше на квалитет. Тоа беше уште во Земун. Имам јасен став кога станува збор за музиката, таа мора да предизвика емоција, и секогаш се водам по тоа“, изјави Босанац за српските медиуми.

Ова е втор член на жирито кој ја напушта забавната музичка емисија „Ѕвездите на Гранд“. Потсетуваме пред неколку дена тоа го направи и Марија Шерифовиќ. На нејзино место доаѓа Дара Бубамара, а останува да се види кој ќе ја преземе столицата на Драган Стојковиќ Босанац.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

Back to top button