Срца полни со радост и нова енергија – токму вака заврши уште едно незаборавно патување во рамките на Караванот за мајчинство на dm и Матрона на 20 ноември, овој пат во убавото Тетово.
Темата ,,Придобивките од доењето и редовната вакцинација“ беше централна точка на дискусијата, а учесниците беа исполнети со желба за знаење и поддршка.
Под водство на извонредните експерти, овој пат Прим. д-р Марина Поп-Лазарова, неонаталог и д-р Теута Јакупи спец. педијатар, полека, но сигурно овој Караван прераснува во вистинска платформа за размена на искуства и информации.
Двете докторки, со својата стручност и страст, создадоа атмосфера која поттикна отворени разговори и охрабрување. Со секое изнесено прашање и секој одговор, чувството на заедништво и разбирање само се засилуваше. Учесниците не само што добија важни информации за доењето и вакцинацијата, туку и нова доза самодоверба. Секое споделено искуство беше како светло во темнината, поттикнувајќи ги мајките да се чувствуваат посигурно во своите избори.
dm
Ова не беше само обука; тоа беше момент на поврзување, поддршка и создавање на нови пријателства.
dm
Со нетрпение ги очекуваме новите курсеви во следните месеци за заедно да продолжиме да го градење на оваа заедница на мајки, кои споделуваат љубов и знаење.
dm
Вашето присуство е важно за нас, и заедно можеме да создадеме свет полн со поддршка и разбирање за нашите најмили. Се радуваме на следните патувања, заедно!