Холивуд

Џејн Фонда и на 80 години нема проблем да го носи најголемиот тренд за оваа пролет

Advertisement

Џејн Фонда ни покажа фантастично издание составено од црвена и розова боја, комбинација која важи за еден од водечките трендови за оваа пролет.

Advertisement

Познатата актерка и легендарната кралица на аеробикот која што палеше и гасеше во 80-тите на премиерата на романтичната комедија „Клуб на привлечни жени“ се појави во фантастично издание.

За стилот на 80-годишната оскаровка се погрижи познатата стилистка Тања Гил којашто својата клиентка овој пат ја облече во ефектен црвен костум под кој се наѕираше впечатлива розова блуза без ракави.

Креацијата е со потписот на познатиот американски дизајнер Брендон Максвел, а целото издание го заокружи со шпиц црвени високи потпетици и плико чанта во идентична нијанса како и блузата, додека статусот на холивудска дива го запечати со нејзината препознатлива фризура и скапоцен накит составен од дијамантски обетки и нараквици.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button