Три одлични изданија на најпознатата Инстаграм мама во Македонија
Неколку комбинации за кои сме сигурни дека ќе ви се допаднат
Оваа девојка важи за една од најпознатите Македонки на социјалните мрежи. Таа има речиси 100.000 обожаватели, а нејзиниот Инстаграм е преполн со фотографии на кои носи прекрасни модни комбинации, но и провокативни изданија со кои ги воодушевува своите обожаватели. Таа има две прекрасни ќеркички, а од неодамна е во врска со кумановецот Спејко со кого во последно време се речиси неразделни дури и на социјалните мрежи. Во прашање е Љупка Митрова која на модата дефинитивно и пристапува со отворен ум, без предрасуди и строги калапи, а очигледно таква е и во животот. Со својот изглед и провокативни фотографии им пркоси на стереотипите кои се типични за нашето поднебје, а тоа го покажува и со своите модни комбинации.
https://www.instagram.com/p/BgwLNmWFPOi/?taken-by=ljupka_mitrova
Па, дали ви се допаѓа стилот на Љупка?