Warning: Attempt to read property "slug" on null in /www/wwwroot/glamur.mk/wp-includes/taxonomy.php on line 4632
Нега и здравјеРецепти

Одлични сокови за витка линија и исфрлање на отрови

Реклама
Реклама

Сокови што ќе ви помогнат да ја вратите вашата линија

Постојат периоди во годината кога едноставно претеруваме со брзата храна со која внесуваме непотребни калории во нашето тело. Токму затоа мнооогу е важно како да го согориме вишокот калории и да ги отстраниме штетните работи од организмот. Во тоа можат да ни помогнат разноразни намирници кои можеме да ги консумираме како смути, чај или сок. Тие ќе ни помогнат да ослабиме, но и да ги исфрлиме токсините од организмот, да ја вратиме енергијата, да го поправиме имунитетот, да го подобриме изгледот на кожата и што исто така е многу важно, а ако не и најважно – да се чувствуваме убаво. Соковите кои делуваат одлично за оваа намена се сокот од лимон и цимет, односно од краставици.

Маркетинг

Сок од лимон и цимет

5 дцл вода
2 лажички сок од лимон
2 лажицки оцет од јаболко
1 лажичка цимет
Помало јаболко

Во водата додадете го сокот од лимон, јаболковиот оцет, циметот и мешајте. Јаболкото треба да го излупете, а потоа да го исечете во коцки и да го додадете во напитокот. Сокот пијте го преку ден, а коцките од јаболкото грицкајте ги.

Маркетинг

Сок од краставици

3 дцл вода
1 помала краставица
Пола цитрон
1 лажичка ситно исечен магданос
1 лажичка ѓумбир

Излупете ги краставицата и цитронот, пресечете на парчиња и ставете во блендер. Додадете магданос и ѓумбир, т.е. 3 дцл вода и добро изблендирајте. Најдобро е сокот да го испиете веднаш откако ќе го направите.

Наш совет

Користете само сезонски производи, односно преку зима правете го почесто првиот сок, додека преку лето можете да ги консумирате и двата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button